156
Партизан до трофејот дојде со серија од 31 натпревар без пораз, забележувајќи само три нерешени резултат. Во меѓувреме два пати славеше над големиот ривал Црвена звезда, па трофејот на „црно-белите“ е повеќе од заслужен.
Ова е 27. титула за Партизан со која повторно се изедначи со Црвена звезда. Во престојното лето Партизан ќе ја претставува Србија во квалификациите за Лигата на шампионите.
Денеска победи и Црвена звезда предводена од Бошко Ѓуровски, славеше над Раднички со 4-0, но триумфот беше пиров.
На крајот Партизан освои 58 бодови на контото, три повеќе од Црвена звезда.
Фото: СтарСпорт