Парма во последните секунди ѝ нанесе четврти пораз во низа на Болоња (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Парма освоија големи три бода на гостувањето кај Болоња, триумфирајќи со 0-1 на Ренато Дал’Ара во 24. коло од Серија А.

Домашните рано останаа со играч помалку по црвениот картон на Томазо Побега, но и покрај тоа создадоа неколку добри можности. Рикардо Орсолини ја погоди стативата и тоа беше најавата дека Болоња нема лесно да се предаде.

Казната стигна во финишот кога Кристијан Ордоњез со удар од дистанца ја затресе мрежата и донесе победа за гостите, а херој беше и голманот Едоардо Корви кој во завршницата ја спаси Парма.

Парма сега има 26 бодови и е на 14 место, додека Болоња го запиша четвртиот пораз по ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×