Парма го бара малерозниот фан кој доби топка во лице кога требаше да се напие пиво а другарите му фаќаа „сеир“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Инцидентот се случи на неделниот меч кога Парма со 1-0 победи на гостувањето кај Сасуоло.

За време на загревањето, Корнелиус со топка удри навивач на Парма кој штотуку си ја отвори лименката со пиво и се обиде да се напие голтка. Кога му падна пивото поради ударот, другарите го задеваа навивачот.

Андреас Корнелиус преку официјалниот тивтер профил на Парма му вети на навивачот ново пиво.

„Здраво, ова е за човекот на кој го удрив за време на загревањето кај Сасуоло. Пред се ми е жал, и се разбира ќе го вратам пивото. Може да се сретнеме некаде на пијачка, се разбира јас ќе пијам сок од јаболко а ти ќе можеш да си го добиеш твоето пиво“, изјави Корнелиус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×