Парите некогаш не се доволни, Сити и Челси ќе „извисат“ во трката со Ливерпул за Вирџил ван Дијк

by
1 минути читање

Холанѓанецот во дресот на Саутемптон се промовираше во еден од најдобрите
дефанзивци во Премиерлигата, па го привлече вниманието на неколку клубови.

Ливерпул, Челси и Манчестер Сити се клубовите кои пројавуваат најконкретен
интерес, но финансиската понуда на „Цревените“ и платата која му ја нудат на играчот е пониска од онаа на
ривалите.

Сепак, последните извештаи велат дека токму Ливерпул ќе ја добие
битката откако самиот Вирџил ван Дијк одлучил да се пресели на Енфилд.

Се очекува Саутемптон за услугите на Холанѓанецот да инкасира најмалку 50
милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани