88
Иако е Аргентинец и игра заедно со Меси во репрезентацијата на Аргентина, Гарначо не крие дека негов идол е Роналдо. Тој дури и ги прославува головите како Португалецот.
„Се шегуваме со него, но тој е многу срамежлив и не одговара на шегите. Кутрото момче, го полудуваме, тој станува многу нервозен и прекинува да зборува“, отркива Паредес што се случува во аргентинската селекција кога таму е Гарначо.
„Но како што кажа и тој, Роналдо е негов идол, игра како него, и тука нема никаков проблем“.
„Од друга страна, јасно е дека кога ќе дојде во репрезентацијата треба малку да се промени бидејќи нашиот идол е тука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.