Пардју седна на клупата на ВБА, ќе дебитира против клубот што му врачи отказ

by
1 минути читање

Поранешниот тренер на
Њукасл и Кристал Палас изрази големо задоволство што добил прилика од клубот.

Воодушевен сум од
приликата која Вест Бромвич Албион му ја укажа и се радувам на работата со овие
фудбалери за кои сметам дека имаат голем талент во себе
“ рече Пардју.

Интересно, дебито на
клупата на ВБА, Пардју ќе го има во сабота против Кристал Палас, поранешниот
клуб кој го предводеше а кој во декември ланската година му врачи отказ.

Пардју освен претходно
споменатите клубови, уште ги водеше и Саутемптон, Вест Хем, Чарлтон и Ридинг.

ВБА со 12 бода се наоѓа
во долниот дел на табелата во Премиерлигата по 14 одиграни натпревари,
дефинитивно му претстои битка за опстанок до крајот на шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани