Паратичи: Јувентус нема да се засилува во јануари

by
1 минути читање

Иако се
споменуваа неколку опции на трансфер пазарот за Јувентус, спортскиот директор
на италијанскиот првак, Фабио Паратичи јасно посочи дека клубот од Торино нема
да купува во јануарскиот преоден рок.

„Бјанконерите“ се
поврзуваа со некои фудбалери, и тоа Иван Ракитиќ, Кристиан Ериксен, Пол Погба,
Федерико Киеза, како и Сандро Тонали, меѓутоа се чини дека по изјавата на
Паратичи сите тие шпекулаци сега добија негирање.

Во јануари,
клубот нема да интервенира на трансфер пазарот, ние го сметаме овој тим како
комплетен, онаков каков што е
“ изјави Паратичи, а беше запрашан и конкретно за
Иван Ракитиќ, Хрватот кој е на излезна врата од Барселона извесен период.

Ракитиќ? Не,
тимот е комплетен, а покрај тоа и еден од најдобрите во Европа, среќни сме со
тоа што го поседуваме во составот
“ заклучи Паратичи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×