Парагвајците за мечот со Бразил имаа „анти-Винисиус“ правило, а сега пред дуелот со Аргентина имаат „анти-Меси“

by riste
1 минути читање

Парагвај во четврток ја пречекува Аргентина во меч од квалификациите за Светското првенство 2025 година, домаќините решија и за овој дуел да има посебни правила за влез на стадионот.

Спортскиот директор на Фудбалската федерација на Парагвај, Фернандо Виласбоа ги пренесе правилата за овој меч.

„Секој кој ќе носи дрес со името на Лионел Меси нема да може да влезе на стадионот. Навивачите кои доаѓаат во дресови на Аргентина, Барселона или Интер Мајами, или кој било друг дрес со името на Меси, нема да бидат пуштени на стадионот“, рече Фернандо Виласбоа.

„Никој нема да смее да го носи дресот на Аргентина, аргентински клубови или дресови со имиња на играчи од други земји. Сакаме да го исполниме стадионот со навивачи на Парагвај за фудбалерите да ја видат и почувствуваат поддршката од трибините“.

Од Фудбалската федерација на Паргвај велат дека правилото „анти-Меси“ е и поради безбедноста околу стадионот.

Ова не е првпат Парагвај да донесе вакво правило, исто беше и за време на дуелот со Бразил, тогаш правилото гласеше „анти-Винисиус“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани