Папата Франциск прв го доби новиот македонски дрес (ФОТО)

by
1 минути читање

Претседателот Стево Пендаровски денеска е во Рим каде им оддава почит на Свети Кирил и Методиј. Тој го посети и папата Франциск на кој му го подари дресот со кој македонската репрезентација ќе игра на Европското првенство.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој нашите најдобри фудбалери ќе играат на ЕВРО 2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи!“, напиша на социјаланите мрежи Пендаровски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×