Паоло Дибала може да направи сензационален трансфер каков што никој не очекува!

by Стефан
1 минути читање

Аргентинецот, Паоло Дибала би можел да направи сензационален трансфер и од следната година да се врати во татковината во дресот на Бока Јуниорс, пренесуваат аргентинските медиуми.

Еден од клучните луѓе во спортскиот сектор на Бока, Марсело Делгадо, потврдил дека веќе имало разговори, но во моментов трансферот е повеќе желба отколку реалност. Во изјава за радиото „Ла Ред“, Делгадо нагласи дека договорот на Дибала истекува во јуни 2026 година и дека клубот внимателно ќе ја процени целата ситуација, додавајќи дека никој не може да им го одземе правото да сонуваат.

Иако официјално се задржа на резервирани изјави, аргентинските медиуми шпекулираат дека самиот Дибала е поблиску до идејата за враќање во Буенос Аирес, отколку до некоја егзотична авантура. Минатото лето тој ја одби богатата понуда од Ал Кадсија, вредна 75 милиони евра, со цел да остане лојален на Рома, но околностите во меѓувреме значително се сменија.

Под водство на Џан Пјеро Гасперини, Дибала добива ограничена минутажа, а повредите и слабата форма дополнително го тргнаа од прв план. Во текот на сезоната одигра само 507 минути во Серија А, со само пет настапи во почетните 11.

Со оглед на тоа што Аргентинецот е далеку најплатен фудбалер во ростерот на Рома, со годишна нето-плата од околу осум милиони евра, не е исклучено клубот без поголем отпор да прифати разделба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×