Медиумите во
Албанија пишуваат дека Албанија против Македонија на утрешниот квалификациски
меч за СП Русија 2018, ќе истрча во формациска поставеност од 4-1-4-1.
Очекуваната формациска
поставеност е целосно различна во однос на двете последни победи на Албанија во
нашата квалификациска група, завчера на домашен терен славеа против Лихтенштајн
(2-0) а тимот на Панучи истрча со поставеност 4-3-3, воедно и различна во однос
на победата на гости кај Израел (0-3), каде нашиот ривал беше убедлив сред
Хаифа, а играше во поставеност 5-3-2.
Медицинскиот тим
на нашиот противник веќе потврдил дека еден од предводниците на албанскиот
национален тим, Армандо Садику ќе биде подготвен за утрешниот натпревар.
Во тимот на
Албанија барем засега нема повредени фудбалери, а Панучи на располагање ќе ги
има сите повикани фудбалери за мечот во Струмица кој се игра утревечер во
терминот од 20 часот и 45 минути.
Извор/Фото-вест:
sportekspres.com