Панучи: Македонија можеше да победи, но и ние имавме шанса за такво нешто

by
1 минути читање

Македонија и
Албанија ремизираа во мечот од осмото коло во квалификациите за СП Русија 2018,
нашата селекција доминираше во текот на целиот натпревар, гостите од две
прилики постигнаа два гола, а нерешениот исход од Струмица е сосема реален
исход, според селекторот на Албанија, Кристијан Панучи.

Во првиот дел не
одигравме добро, направив замени и во второто полувреме го кренавме нивото.
Постигнавме брз гол, а имавме и уште една шанса преку Садику да го зголемиме
водството
“ изјави Панучи по мечот.

Примивме гол од
пенал, а во последните моменти од мечот Македонија можеше и да победи, мислам
дека ремито е поволен и пред се
реален резултат…“ додаде селекторот на Албанија.

 

Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани