Панучи ќе биде нов селектор на Албанија?

by
0 минути читање

„Калчомеркато“ пишува дека во конкуренција за селекторската позиција на Албанија покрај Панучи, биле уште и Џанкарло Камолесе, Филипо Инзаги и Кларенс Сидорф.

Изборот паднал на Панучи кој како фудбалер го носеше дресот на Милан, Реал Мадрид, Интер и Рома и имаше 57 настапи за италијанската репрезентација.

По завршувањето на кариерата во 2010 година, тој беше стручен аналитичар во Скај Спорт Италија, па еден месец тимски менаџер во Палермо и две години асистент на Фабио Капело во Русија.

Како самостоен тренер два пати работеше во Ливорно, еднаш во Тернана, но не помина славно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани