Пандев за искуството со Ливерани: Бев млад, често знаеше добро да ми се раздере…

by
1 минути читање

Фабио Ливерани одигра
пет сезони во дресот на Лацио (2001/06), а две години беа заедно со нашиот
капитен Горан Пандев кој пак играше исто така пет години во тимот од Рим
, но од 2004. до 2009. година.

Репрезентативецот на
Македонија во интервју за „Газета дело Спорт“, говореше на повеќе теми, а
прозборе и за тоа како го „погодил“ неговиот поранешен соиграч од Лацио во 2013, откако
со два гола против неговиот сегашен клуб Џенова практично донесе отказ за
Ливерани на клупата на тој тим.

Со Наполи постигнав два
гола во натпреварот кој го „рани“ Ливерани. Со него минав неколку години во
Лацио, бев млад, тој беше експерт, често знаеше да ми се раздере… По тој
натпревар му реков
: ‘Дали гледаш сега? Те
направив да бидеш уловен. Природно, јас се шегував. Фабио ми беше пријател и
јас се извинив
“ открива Пандев
чиј учинок на мечот против Џенова значеше отказ за
Ливерани, а преземање на кормилото од страна на Гасперини, човекот кој го
донесе Струмичанецот пред две години во Џенова.

Во однос на трката за
титулата во италијанскиот шампионат, сите три поранешни екипи на Горан Пандев,
Интер, Лацио и Наполи се борат за Скудетото.

Интер има предност, тие
не играат во некое од европските натпреварувања. Лацио е изненадување за оние
кои не го знаат Инзаги. Наполи имаше неколку киксови но го играат најубавиот
фудбал. Знам колкава е желбата за Скудетото во Неапол и можеби поради
оваа причина најмногу ја заслужуваат титулата во однос на останатите
“ рече
Пандев.


Фото-вест: Архива, Џенова – Наполи 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×