Пандев со насмевка се врати на тренинзите на Џенова (ФОТО)

by
0 минути читање

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, откако се пласираше со Македонија на Европското првенство им се врати на клупските обврски. Денеска го имаше и првиот тренинг со Џенова после големиот успех.

Пандев беше видно расположен, со насмевка која не остана незабележана од клупскиот фотограф. Џенова на социјалните мрежи објави пост за нашиот фудбалер, а под него навивачите му го честитаа успехот со Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×