Првиот потег на Игор Ангеловски откако беше назначен за селектор беше да отиде до Џенова и да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Мисијата му успеа, а сетоа што што се случуваше подоцна е една убава историја за македонскиот фудбал.
„20.10.2015 првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот… ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев.