Горан Пандев во подкастот на ФФМ зборуваше за именувањето на Гоце Седлоски за селектор на Македонија и според него тој е вистинскиот човек за предводник на Македонија.
Како што вели Пандев, Седлоски е човек со победнички менталитет.
„Долги години играв со него во репрезентацијата, тоа е човек што не сака да губи и мислам дека заслужи да биде селектор со тоа што направи и како играч и како тренер. Човекот е победник и верувам дека тоа ќе го докаже на теренот“
Во кариерата како фудбалер Седлоски имаше и еден инцидент со Горан Попов на тренингот на репрезентација. Пандев истакна дека и таа ситуација е доказ за карактерот кој го поседува.
Ситуацијата со Попов покажува колку сака да победува, едноставно е побендик и затоа има такви реакции. Сега има друга улога, работи како тренер, ги водеше Шкупи и Вардар, тоа се големи клубови што многу значат и сигурно има искуство. Дисциплината е негово најсилно оружје и тоа ќе го покаже“.
Седлоски на клупата на Македонија ќе дебитира утре во полуфиналниот бараж против Данска.