Пандев: Сакам сите да нѐ гледаат како аутсајдер на ЕП

by
1 минути читање

Пандев вели дека полесно за Македонија да го покаже сиот свој сајај е ако биде гледана со потценување.

„Би сакал сите да нѐ гледаат како аутсајдери, за да го покажеме нашиот вистински фудбал. Ја сакаме таа улога“, вели Пандев.

„Самото чувство да се подготвуваш со репрезентацијата за настап на Европско е нешто прекрасно. Ние живееме за Македонија, сега имаме шанса да ја презентираме на големата сцена и ќе дадеме сѐ од себе за гордо да се бориме за нашето знаме“.

„Со Австрија немаме убави спомени, одигравме два меча, и двата ги загубивме, противникот особено беше добар во Скопје каде победи со 4-1 а можеше да слави и поубедливо“.

„Имам лоши сеќавања од Австрија, двапати нѐ победија, но сега немаме повеќе право на грешки. Ние едвај го чекаме овој дуел, а Австрија сега ќе мора да вложи огромен напор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×