Договорот на Горан Пандев со Џенова заврши по крајот на сезоната, Македонецот сега е слободен играч и е во потрага по нова дестинација.
„Нормално дека размислувам за својата иднина. Имам 34 години и сакам да ја завршам кариерата во Италија, но имам понуди и од Кина, Турција, Полска… Во текот на летото ќе размислам која понуда да ја одберам, но приоритет ми е да останам во Италија, да бидам заедно со мојата фамилија“ – изјави Горан Пандев на денешната прес конференција на неговиот клуб, Академија Пандев.
Со исклучок на авантурата во Галатасарај, остатокот од интернационалната кариера Пандев го помина во Италија, досега ги носеше дресовите на Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.