153
Горан Пандев и Илија Несторовски повеќето од натпреварите во Серија А оваа сезона ги почнаа од клупата за резерви, но денеска и двајцата се во стартните тимови на своите екипи.
Џенова под водство на Тиаго Мота заигра нешто подобро, а Пандев постигна погодок на мечот со Бреша по си заработи стартна позиција на мечот со Јувентус, но и сега против Удинезе. Тој е и капитен на тимот.
Удинезе е во лоша форма поради која Игор Тудор заработи отказ, тимот привремено го води Готи, а тој му дава можност на Несторовски да го почне мечот против Џенова.
