120
Пандев имаше фантастични моменти во дресот на Лацио, но разделбата беше проблематична поради односот на раководството на клубот.
Македонецот синоќа токму против Лацио го постигна првиот гол за Џенова во Серија А и силно се израдува.
„Прославата беше наменета за раководството на Лацио бидејќи тие кажуваа многу лаги за мене и успеаа да ги свртат и навивачите против мене“ – изјави Пандев по натпреварот.
„Во Рим поминав пет прекрасни години и секогаш сум среќен кога ќе се сретнам со Лацио. Но сега исто така сум среќен и во Џенова“.
„Среќен сум што се вратив на теренот и ја прекинавме серијата порази. Задоволен сум што тренерот Јуриќ е повторно со нас, со него имам одличен однос“.