Џенова во недела на
домашен терен го пречекува вицепрвакот на Италија, екипата на Рома на домашен
терен, а искусниот Горан Пандев по сечењето на лента за клупски фан шоп на
клубот порача дека Рома е убава можност за нова победа по онаа кај Кротоне на
гостински терен.
„Се уште немаме победа
на домашен терен, ова е уште една можност тоа да го сториме. Рома има одличен
состав но ние ќе се бориме за победа, ќе дадеме максимум од нас“ вели Пандев.
„Победата над Кротоне
беше во целост заслужена, сега мораме да продолжиме по таа патека, да ја
вратиме Џенова онаму каде што припаѓа“ додаде тој.
Актуелна е темата Давиде
Балардини – Горан Пандев, ако се земе во предвид дека тие беа заедно во
периодот кога нашиот репрезентативец беше дел од Лацио кога Пандев беше пред
заминување од римскиот тим, а Балардини беше принуден да го „замрзне“ нашиот
капитен поради тужбата која фудбалерот ја упати кон клубот.
„Јас бев вон тимот на
Лацио пред да дојде тој, не ни тренирав со екипата, како и да е, ние
разговаравме, мораме да работиме сите заедно за доброто на клубот“ заврши
Пандев во својот коментар.
Извор: ilsecoloxix.it
Фото:
Genoa CFC (Facebook)