Пандев постигна прекрасен гол но македонското дерби во Серија А му припадна на Несторовски (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев се разигра по пристигнувањето на Тијаго Мота, денеска го постигна вториот гол во три меча. За жал, неговиот погодок попладнево не беше доволен и Џенова на крајот загуби.

Македонецот го отвори резултатот во 22. минута, тој два пати убаво проигра со Куаме и потоа неодбранливо биеше за 1-0. Сепак, десет минути подоцна, Несторовски му асистираше на Де Паул, кој испрати проектил во аголот од 20 метри и изедначи на 1-1.

И кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, Сема искористи една прилика во 87. минута и донесе предност за Удинезе, а длабоко во судиското надополнување, Лазања погоди за конечни 1-3.

Во Верона, домаќините триумфираа со 2-1 над Бреша во натпревар кој го одбележа голем инцидент. Марио Балотели доби расистички навреди па ја шутна топката кон трибини и нервозно тргна да го напушти теренот. Откако беше смирен од соиграчите, а судијата го прекина мечот за да се прочита соопштение, играта продолжи. Во тие моменти, Верона имаше предност од 1-0, кратко потоа зголеми на 2-0, а Балотели со прекрасен гол од далечина саммо го ублажи поразот.

На третиот натпревар од 15 часот, Лече и Сасуоло одиграа 2-2. На првиот денешен натпревар, Каљари со 0-2 славеше на гостувањето кај Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×