Пандев после Интер замина за Наполи.
„Кога дојде понудата од Наполи, клубот каде што играше најдобриот на сите времиња, Марадона, си помислив дека е време за промена и прифатив. Зборував со Мацари кој ме сакаше по секоја цена“, вели Пандев.
„Знаев дека одам во голем клуб, но кога отидов на презентација на тимот, почувствував работа која не ја очекував. Кога излегувате на тој стадион со тој дрес, помислувате дека нема ништо поубаво од тоа. Луѓето на Сан Паоло живеат за фудбалот, ви даваат се. И ако и вие им дадете се од вас на нив, тогаш фановите ве креваат до ѕвездите. Денот кога го освоивме првиот Куп на Италија, тие не чекаа на станицата. Беше неверојатно. Целиот град беше таму, никогаш не сум видел нешто слично. Не беше така ниту во Милано кога се вративме од Мадрид со трофејот од Лигата на шампионите. Беше незаборавно“.
Пандев во Наполи работеше под водство на Мацари и Бенитез.
„Мацари силно ме посакуваше. Бев повреден и физички не бев во форма, но тој ги знаеше моите квалитети и веруваше во мене. Му благодарам за тоа. Откако заздравев и почнав да се чувствувам добро, тој ме стави на теренот и дадов два гола против Јуве. Од тој момент знаев дека сум вратен. Се сеќавам и на голот во Супер Купот во Пекинг исто така против Јуве и таа погрешна одлука на судијата кој им го додели купот на нив. Имам многу спомени. Потоа дојде Бенитез, знаев Рафа како работи, дури и кога играв добро знаев дека следниот меч можеби нема да играм, тоа не ми се допѓаше. Зборував со тренерот, го прашав и претседателот дали може да бидам продаден, бидејќи сакав да играм повеќе. Имав уште една година од договорот и тие се сложија“.
„Отидов во Галатасарај. Се отвори можност, ме повикаа Снајдер и Муслера, моите поранешни соиграчи. Реков да, малку избрзано. Не се справив со правилото за странци кое гласи дека само пет играчи од странство може да играат во домашното првенство. Па играв во Лигата на шампионите и Купот на Турција, но многу малку во лигата. Галатасарај е голем клуб, но во мојот случај тоа беше мојата најголема грешка во кариерата. Требаше да останам во Наполи. Размислував избрзано. Во Истанбум почувствував дека ми недостасува Италија, сакав да се вратам“.