Големото дерби на Џенова го доби домаќинот на овој меч, Сампдорија со 2-0.
Резултатот беше отворен уште во третата минута кога Дефрел погоди за водство на Сампдорија од 1-0.
По примениот гол Џенова цело време напаѓаше, Сампдорија играше повлечено и се обидуваше од контри.
По шест минути игра во второто полувреме се случи клучниот момент на мечот, Бираски играше со рака во сопствениот шеснесетник и доби директен црвен картон, Сампдорија доби пенал, а Кваљарела зголеми на 2-0.
И со играш помалку Џенова напаѓаше, Сампдорија се бранеше, но Пандев и соиграчите не успеваа да креираат и конкретни шанси.
Горан Пандев беше еден од поактивните и поборбени играчи на Џенова во ова градско дерби, иако и тој не направи ништо конкретно.
Во другите два меча од 15 часот немаше голови, Фиорентина – Болоња и Сасуоло – Парма завршија 0-0, претходно Торино и Каљари одиграа 1-1.