Пандев објасни зошто не го прославил голот против Интер

by
2 минути читање

Горан Пандев
одново беше стрелец против свој поранешен клуб, капитенот на „Црвено-жолтите“,
попладнево го „реши“ Интер и донесе важни три бода за Џенова.

Но за разлика од
дуелот против Лацио кога го славше погодокот, Македонецот сега реши да не се
радува на голот.

По крајот на
натпреварот Горан Пандев рече дека има голема почит кон „Нероаѕурите“ и затоа
се решил на еден ваков чекор.

„Интер ми даде сè” – вели Пандев.

„Ме донесе во
Италија како тинејџер и потоа освои с
è
во дресот на „Нероаѕурите“. Поминав
прекрасни години таму
.


Интер беше тимот
кој го купи Горан Пандев од Беласица во 2001, а потоа во 2010 го врати во
своите редови, и Македонецот таа сезона под водство на Жозе Мурињо стигна до
историската тројна круна и триумф во Серија А, Купот на Италија и Лигата на
Шампионите.

„Среќен сум за
голот, ни донесе три важни бодови, но ова не значи опстанок. Не чекаат три
финалиња до крајот на сезоната
– заврши Македонецот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани