Пандев: Натпреварот против Косово ќе ми биде меч на животот!

by
1 минути читање

Горан Пандев игра во одлична форма оваа сезона во италијанската Серија А, и покрај тоа што има 36 години тој е еден од клучните играчи на Џенова која води жестока битка за опстанок.

„Играм во Џенова, најстариот клуб во Италија, со многу жешка публика, невозможно е да не дадете сè. Сум играл во големи тимови но луѓето на Ферарис може да ви дадат дополнителна мотивација“, вели Пандев.

Пандев сака да ја заврши кариерата во Џенова и да се пласира со Македонија на Европското првенство.

„Со Македонија на 26 март играме плејоф со Косово, тоа е меч на животот. Но сега мислам на Џенова со која секој меч ни е како финале. Чувствувам лутина што сме во ваква позиција, не ни можам да замислам дека ќе испаднеме, фановите и клубот не го заслужуваат тоа. Сакам да ја завршиме сезоната на високо ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×