Пандев: Наполи во Елмас доби големо засилување, тој е роден победник

by
1 минути читање

Елиф Елмас за многу кратко време стана хит во Наполи, импресивен е неговиот приод во натпреварите, тој е толку млад а изгледа искусно како да има многу сезони зад себе.

Горан Пандев е легенда во италијанскиот фудбал, еден од странците со најмногу настапи во Серија А, па од медиумите во таа земја беше прашан што мисли за Елиф Елмас.

„Елмас е многу силно момче а роден е во 1999, има голем карактер, тоа го покажа и во Наполи и во националниот тим. За Македонија покажа дека станува лидер, тоа е момче кое сака да победува и да прави големи работи. Наполи во него доби големо засилување. Тој е среќен што е таму и се надева дека наскоро ќе освои нешто важно со тимот“, изјави Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×