Пандев му „пресуди“ на Интер но не се радуваше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев постигна уште еден гол за Џенова, како сезоната доаѓа во својата завршница, така македонскиот фудбалер ја крева формата.

Пандев во игра влезе во 19. минута откако се повреди Симеоне.

Клучниот момент се случи во 70. минута кога една одбиена топка од пречката дојде до Пандев, а тој ја смести во мрежата на Хандановиќ. Македонецот не се израдува на постигнатиот гол поради почит кон Интер.

Финишот од мечот беше возбудлив, Интер промаши пенал преку Кандрева во 87. минута, а две минути подоцна Кондогбија доби црвен картон.

Дури 10 голови беа постигнати на натпреварот помеѓу Лацио и Сампдорија кој заврши со победа на римскиот клуб од 7-3.

Фиорентина и Сасуоло одиграа 2-2, нерешено завршија и средбите Киево – Палермо 1-1 и Удинезе – Аталанта 1-1. Емполи ја победи Болоња со 3-1, Кротоне со 1-0 славеше на гостувањето кај Пескара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани