Пандев како новинар му поставуваше прашање на Киву!

by riste
1 минути читање

По вчерашниот натпревар меѓу Ајакс и Интер од Лигата на шампионите, нашиот Горан Пандев му поставуваше прашања на тренерот на Нероазурите, Кристијан Киву.

Пандев и Киву заедно играа во Интер, двајцата многу добро се познаваат. Македонецот редовно е гостин во италијанските медиуми за време на натпреварите од Лигата на шампионите, вчера беше во студиото на „Скај Спорт Италија“.

„Здраво Кристијан, дали идејата ти беше веднаш да играш со формација 3-5-2 или сакаше да направиш нешто друго? И дали си задоволен од трансфер пазарот“, го праша Пандев.

Македонецот алудираше на тоа дали Киву сакал со некоја друга тактика да игра како тренер на Интер, но како сигурна варијанта ја одбрал оваа, или таа била неговата замисла од почетокот.

„Навистина си станал новинар Горан. Да, сакав да играм со формација 3-5-2, го кажувам тоа директно бидејќи сакав да имам сигурност. Требаше да ја вратиме самодовербата и менталната сила на фудбалерите. Не сум глупав, одам на свој начин, без да му наштетам на веќе силниот тим кој го имам“, одговори Киву.

Заедно со Пандев вчера во студиото на „Скај Спорт Италија“ беа и Фабио Капело и Звонимир Бобан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×