Горан Пандев синоќа
изрази желба за прв пат да се радува на триумф над Сампдорија во градското
дерби на Џенова и желбата му се исполни. Популарните „Ил Грифоне“ вечерва
славеа со 1-2 и стигнаа до три важни бода во трката за опстанок.
Резултатот беше
отворен во 22. минута од пенал кој го изнуди токму Горан Пандев. Кришито
превзеде одговорност и погоди за 0-1.
Десет минути
подоцна, Габијадини изедначи на 1-1 и навести возбудливо проодлжение на мечот.
Гостите повторно
дојда во водство во 72. минута, Лерагер реализираше за 1-2 и голема радост на
Џенова.
Интер разочара
против Фиорентина, одигра само 0-0, па Јувентус утре со триумф на гостувањето
кај Удинезе ќе има шанси да ја осигура титулата.
На останатите
мечеви од 21:45 часот, Лече ја продолжи битката за опстанок откако со 3-1 ја
совлада Бреша, Рома со убедливи 1-6 победи кај СПАЛ, а мечот помеѓу Торино и
Верона заврши со 1-1.