Пандев им се заблагодари на навивачите на Наполи (ФОТО)

by
1 минути читање

Пандев одигра повеќе од 90 натпревари за Наполи, а синоќа беше гостин на „Сан Паоло“ во дресот на Џенова. Нашиот капитен одигра одличен меч и со асистенција даде допринос за својот тим. Но кога во 62. минута беше изваден од игра, со овации беше поздравен од домашните навивачи.

Пандев денеска преку својот инстаграм профил им се заблагодари на фановите на Наполи за добриот пречек.

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите на „Сан Паоло“ за љубовта која ми ја дадоа изминатата ноќ кога излегував од теренот. Некои емоции допираат силно внатре и остануваат засекогаш. Годините во Неапол се незаборавни. Ви благодарам многу“, напиша Пандев на својот инстаграм профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×