Пандев и соиграчите добија закани: Внимавајте, ќе ви ги искршиме забите!

by
1 минути читање

Популарните „рособлу“
никако да излезат од резултатската криза. Ниту промената на тренерот и
пристигнувањето на Тијаго Мота не влијаеше за напуштање на дното на табелата.
Во саботата беше забележан нов пораз и тоа дома во лутото градско дерби со Сампдорија.

Ова предизвика реакција
од навивачите, кои испратија закани до играчите. „Внимавајте, ќе ви ги искршиме
забите“
 – гласела пораката напишана на асфалтот пред портите на тренинг центарот.

Клубот веднаш ја
известил полицијата, па истражители од специјалната единица ДИГОС отвориле
истрага и ги прегледуваат камерите од околните објекти за да ги пронајдат сторителите.
Не се исклучува и идејата играчите да добијат дополнителна заштита доколку се
појават нови закани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×