Горан Пандев како што беше најавено доби функција во Фудбалската федерација на Македонија. По назначувањето на Масар Омерагиќ на позицијата претседател, Пандев беше избран за спортски директор на федерацијата. Тој кратко го прокоментира изборот како вистински за мак-фудбалот.
„Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската функција на ФФМ. Посакувам трпение од јавноста, а успех во патот напред на македонскиот фудбал“, изјави кратко Пандев.
По изборот, свој коментар даде и новиот член во советот на кабинетот на претседателот – поранешниот репрезентативец Агим Ибраими.
„Направивме вистински избор. Лидерството е за луѓе со визија и одлучност. Доаѓаат подобри денови во македонскиот фудбал“, прокоментира Ибраими.
Новата гарнитура на ФФМ веднаш се фаќа за работа и ќе стартува со своите најавени проекти.