Пандев и Џенова настрадаа на гостувањето кај Лацио, Несторовски одигра цел меч во победата на Удинезе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев нема
по многу добро да го памети денешното враќање во Рим, Македонецот и неговата
Џенова беа надиграни од Лацио и загубија со убедливи 4-0.

Домќините поведоа
со голот на Милинковиќ Савиќ во 7. минута, а пред крајот на првиот дел, Раду
погоди за 2-0. Горан Пандев во игра влезе на стартот од вториот дел, но ниту
тој не можеше многу да помогне.

По еден час игра
веќе беше 3-0 со голот на Каиседо, а Имобиле во 78. минута ги постави конечните
4-0.



Илија Несторовски
одигра 90 минути во победата на Удинезе од 1-0 над Болоња,. Тој можеби не се
запиша во листата на стрелците, но одработи одлично во форот, ја задржуваше
топката и изнуди неколку прекршоци во опасната зона.


Рома не дозволи
нов кикс и со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Лече со голот на Един Џеко по
десетина минути игра во второто полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×