Пандев и Ангеловски го „шкртнаа“ Меси, еве за кого гласаа капитенот и селекторот на Македонија

by
1 минути читање

Лука Модриќ ја
прекина доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо која траеше десет години,
Хрватот вечерва е прогласен за најдобар фудбалер на годината во избор на ФИФА.

Фудбалерот на
Реал Мадрид ја имаше поддршката и на Македонија, Лука Модриќ доби по пет бода
од Горан Пандев и Игор Ангеловски, како и од новинарот Мијалче Дургутов.

Во потесниот изборот
на капитенот и селекторот на „црвено-жолтите“ сепак немаше место за Лео Меси. Горан
Пандев му даде три бода на Антоан Гризман и еден на Кристијано Роналдо додека
пак Игор Ангеловски како втора опција го одбра Рафаел Варан а Кевин Де
Брујне беше негов трет пик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×