Македонија во петок му гостува на Лихтенштајн, единствената селекција против која сме фаворит во групата.
„Не сакаме да зборуваме за било кој натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме сѐ што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа“ – изјави Пандев.
Натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија се игра во петок со почеток од 20:45.