Пандев: Емоциите се огромни кога ќе се даде гол пред „курва норд“, стадионот еруптираше!

by
1 минути читање

Горан Пандев
помогна Џенова да стави крај на одличната серија на Јувентус. „Старата Дама“
немаше пораз во Серија А откако загуби дома со 0-1 во пресметката со Наполи во
април 2018, а на гости последен пат загуби во ноември 2017.

Македонецот
попладнево блесна против шампионот на Италија, најпрво му асистираше на Стураро
за 1-0 а потоа самиот го дотолчи противникот со прецизен шут од врвот на
шеснаесетникот за триумф од 2-0.

„Одигравме
одличен натпревар, бевме солидни во првото, и за нијанса поквалитетни во второ
полувреме. Ги реализиравме шансите и сосема заслужено победивме“
– вели Горан
Пандев.

„Против големите
тимови играме далеку подобро. Ни оставаат простор, и кога ќе се отворат, доаѓа
до израз нашиот квалитет, имаме брзи и технички добро потковани играчи. Денеска
го демонстриравме ова. Пруживме извонредна партија и можевме многу порано да го
решиме прашањето за победникот“.

„Победата е за
сите, тренерот, тимот, фановите. Ова се три важни бода“.

„Емоциите се
огромни кога ќе се даде гол пред „курва норд“, стадионот еруптираше. Фановите
ни беа од голема помош и кога ќе се креира ваква атмосфера, тешко е да се
загуби и победа е единствена опција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×