Пандев: Елмас за 16 милиони е живо џабе, ако Наполи го купи добива извонреден играч

by
1 минути читање

Изминатава недела
имаше голем број на стории за иднината на Елиф Елмас, медиумите од Италија се
убедени дека Наполи ја добива битката за талентираниот Македонец. Се верува
дека е договорен трансфер вреден 16 милиони евра плус бонуси и наскоро треба да
пристигне официјална потврда.

И додека се чека
абер од двата клуба, капитенот на Македонија, Горан Пандев даде коментар.

„Елмас за 16
милиони евра е живо џабе, доколку Наполи го купи, прави одлична зделка. Елиф е
помеѓу најдобрите млади играчи во Европа“
– вели Горан Пандев во разговор за
Скај Спорт Италија.

„Разговарав со него, не кажа ништо конкретно, но ќе биде среќен ако заигра
во Италија. Елмас е важно засилување бидејќи може да игра на сите позиции во
средниот ред, има добро око за гол и добро се снаоѓа во улогата на треквартиста
и играта зад надпаѓачите“.

„Верувам дека
Наполи е идеален клуб за него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×