Пандев е опција за Лидс на Алиоски?

by
1 минути читање

Капитенот на
нашиот најсилен репрезентативен состав, а воедно и член на италијанскиот
прволигаш Џенова, Горан Пандев би можел да биде одлична опција за англискиот
Чемпионшиплигаш Лидс, пишува „
HITC, потсетувајќи дека
Марсело Биелса, кој моментално го предводи тимот од Еланд Роуд силно го
посакувал Македонецот додека го предводеше Олимпик Марсеј.

Ветеранот кој
Биелса го посакуваше во 2014 би можел да биде големо засилување за Лидс
“ пишува
HITC“ најавувајќи дека тимот
од Еланд Роуд би можел да тргне по Македонецот уште во следниот преоден рок, во
јануари.

Доколку се
навратиме на 2014, тогаш како тренер на Олимпик Марсеј, француски „
Foot
Mercato
тврдеше дека Биелса силно го посакувал
македонскиот интернационалец Горан Пандев, сега, на негови 35 години тој би бил
одлична опција за Лидс
“ додава истиот медиум.

Пандев веќе влезе
во својата последна година од договорот со Џенова, неколку пати истакна дека
сака кариерата да ја заврши во тој клуб, а дали ќе се случи тоа, останува да
видиме во периодот кој претстои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×