Пандев доби екстра соиграч, Ласе Шене од Ајакс се сели во Џенова

by
0 минути читање

Шене беше еден од повпечатливите фудбалери на Ајакс во нивната одлична сезона во Лигата на шампионите.

Џенова успеа да се договори со Ајакс за негов ангажман, тој ќе потпише двегодишен договор со можност и за трета.

Нема точна информација за обесштетувањето кое ќе го плати Џенова, но се верува дека тоа е минимално бидејќи Шене има 33 години и влегува во последната година од договорот со Ајакс.

Тој помина седум години во Ајакс, постигна 64 голови, имаше и 52 асистенции во 286 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани