152
Шене беше еден од повпечатливите фудбалери на Ајакс во нивната одлична сезона во Лигата на шампионите.
Џенова успеа да се договори со Ајакс за негов ангажман, тој ќе потпише двегодишен договор со можност и за трета.
Нема точна информација за обесштетувањето кое ќе го плати Џенова, но се верува дека тоа е минимално бидејќи Шене има 33 години и влегува во последната година од договорот со Ајакс.
Тој помина седум години во Ајакс, постигна 64 голови, имаше и 52 асистенции во 286 настапи.