Панчев: За клубовите од регионот подобро е да не играат во Лигата на шампионите

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска легенда,, Дарко Панчев, смета дека европските настапи во Лигата на Европа се далеку пореална и поисплатлива опција за клубовите од Балканот, отколку обидите за наметнување во Лигата на шампионите, каде што јазот во квалитет, според него, е преголем.

„Ако сме фудбалски реални и објективни, за сите балкански клубови – не само за Црвена звезда и Партизан, туку и за Динамо, Хајдук и другите, многу е подобро и покоректно да играат во Лигата на Европа. Тука квалитетот е на ниво што е поблиску до нашето и објективно имаме поголеми шанси да освојуваме бодови, да победуваме и да се радуваме“, истакна Панчев во изјава за ТВ Танјуг.

Панчев потенцира дека дури и пласман меѓу првите 24 екипи во второто по ранг европско натпреварување би претставувал значаен успех за Црвена звезда, додавајќи дека белградскиот клуб има реални изгледи да ја мине оваа фаза.

„Јас би бил задоволен Звезда да влезе меѓу првите 24. Имаме објективни шанси против Малме, кој има само еден бод и реално е без големи изгледи за пласман. Тоа треба да се искористи – да се одигра добро и да се освојат бод или три. Против Селта ќе биде многу потешко, шпанските екипи каде и да играат се силни и организирани“, изјави Панчев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×