Панчев со предлог: Пријателски дуели Македонија – Србија и Вардар – Ц. Звезда од хуманитарен карактер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев е доста популарен и во Србија каде што е легенда на Црвена Звезда. Со овој српски тим ја освои Лигата на шампионите и беше Златна копачка на Европа.

По страшната трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, Панчев даде предлог за собирање на финансиски средства. Тој предложи пријателски натпревар на репрезентациите на Македонија и Србија, како и меч на Вардар и Црвена Звезда.

Му предложив на Стојковиќ да биде водечки во комуникацијата на фудбалските федерации за да се организира пријателски натпревар, а приходот од влезниците да оди за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. Истото му го предложив и на директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ. Предложив Црвена Звезда и Вардар да одиграат пријателски натпревар. Клубовите можат да одиграат натпревар во април, а репрезентациите во мај“, изјави Панчев.

Делува дека Панчев знае што зборува бидејќи откриваше и датуми за слободни термини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани