Панче Стојанов е именуван за нов тренер на Беласица

by bojan
0 минути читање

Беласица не губеше многу време и веднаш именуваше нов тренер, на кормилото ќе седне Панче Стојанов.

Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб од денес, откако завчера Беласица и Александар Стојанов спогодбено се разделија.

Панче Стојанов е добро познат на македонската фудбалска јавност во земјава и како играч и како тренер. Како тренер ja предводеше некогашната Академија Пандев, а во поново време беше помошен тренер, а и шеф на стручен штаб на АП Брера.

Како играч настапуваше за Беласица, Силекс, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Од клубот му посакуваат топло добредојде многу среќа и успеси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×