Вардар денеска потпиша со рускиот напаѓач Максим Максимов кој доаѓа од Тракаи и треба да биде големо засилување во нападот за „црвено-црните“.
Брзо откако Вардар го објави трансферот, Тракаи излезе со соопштение и обвини дека преминот на Максимов е нелегален, тие немаат договор со македонскиот шампион и фудбалерот се уште е нивни играч.
Во изјава за Спорт1, спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев објаснува дека тие ја активирале откупната клаузула откако Тракаи не сакале да преговараат, па трансферот е регуларен.
„Се обидовме да разговараме со нив, но тие одбиваа, па го искористивме правото да ја активираме откупната клаузула на фудбалерот која изнесуваше 50.000 евра. Деновиве УЕФА ќе го разгледа комплетниот договор и ќе утврди дека се е регуларно“, е дел од изјавата на Дарко Панчев за „Спорт1“.
Комплетната изјава можете да ја прочитате на овој ЛИНК.