Панчев со предизвик: Ако не секоја година, барем секоја втора да имаме ваков успех

by
1 минути читање

Шампионот на
Македонија приреди големо изненадување во двомечот со Фенербахче во плеј-офот
од Лига Европа, во два наврати на колена го фрли гигантот од Турција за
историски успех и пласман во групната фаза од најмасовното европско
натпреварување.

„Ми беше полесно
кога играв, сега кога го гледав натпреварот со Фенер бев напнат и нервозен“

вели спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев.

„Ако објективно
ги анализираме работите, Фенербахче е како Реал Мадрид на овие простори, имаат
силни играчи и стабилни финансии па никој не очекуваше Вардар да приреди
изненадување и во два наврати да го надигра противникот. Пласманот е сосема
заслужен. Тренерот и играчите се најзаслужни за историскиот успех, имавме
фантастична тактика и одлична игра“.

„Драго ми е за
успехот, цела Македонија долго чекаше ваков успех. Јас црврсто стојам на земја
и веднаш му кажав на газдата (Сергеј Самсоненко) дека ова треба да ни биде
пример за во иднина, дека може секоја година, или секоја втора година да имаме
ваков успех. Ова да ни стане навика, а не да чекаме 25 години за нов ваков
успех. Со Чеде размислуваме да бидеме уште посилни во следните пет години, ова
е само почеток. Со работа и добри потези пак да играме во Европа. Но не треба
да очекуваме и да правиме притисок дека мора секоја година да сме во групна
фаза, би било премија секоја втора година да имаме долга фудбалска есен во
Европа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани