Во изјава за српскиот медиум „Мондо“, Дарко Панчев се присетува на тој натпревар.
Тогаш околу 2.500 навивачи на Црвена звезда непријателски беа дочекани во Загреб, а инцидентот кулминираше кога фановите на Динамо ја скршија оградата од стадионот и влегоа на теренот. Тоа беше знак за почеток на индицентите и на трибината на која беа навивачите на Звезда кои претходно беа мета на постојано мавање со камења од домашни навивачи.
Хаосот на теренот се смири дури кога малуројната полиција доби засилување. А една од најтажните слики еше кога Звонимир Бобан, тогаш 21 годишен играч на Динамо шутираше полицаец.
„Не можам да тврдам, но подоцна се зборуваше дека тие нереди биле „пробен балон“ за распадот на државата кој потоа следуваше. Наводно нередите на „Максимир“ биле организирани со цел да се сменат полициски командири и началници кои не беа Хрвати“, вели Дарко Панчев.
„Немаше никаква најава за инцидент, ниту знак дека натпреварот може да биде прекинат. Целиот наш престој од доаѓањето во Загреб помина без проблеми и ништо негативно не се чувствуваше во воздухот. Барем јас така го доживеав. Се изгледаше нормално до кршењето на оградата и влегувањето на навивачите во теренот. Инаку разните провокации од трибините во тоа време беа вообичаени“.
„Сите фудбалери заедно отидовме во соблекувалните и чекавме упатства бидејќи не знаевме и не видовме што точно се случува. Нивните играчи беа коректни кон нас, а со некои од нив подоцна во репрезентацијата зборувавме дека тоа што се случи не беше добро и лесно можеше да биде и многу полошо“.
„Звонимир Бобан беше млад и понесен од ситуацијата, реагираше нетипично за спортист, но знам дека тој е одличен и паметен дечко и мислам дека го понесе еуфоријата. Секој може да згреши“.
„Светската политика го уништи целиот регион, не само фудбалот“.