Панама и Мексико ќе играат во финалето од КОНКАКАФ Лигата на нации (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Панама со 1-0 ја совлада селекцијата на САД, а Мексико со 2-0 ја победи Канада во полуфиналните натпревари од КОНКАКАФ Лигата на нации.

Покетино потфрли, се очекуваше сигурен триумф на САД против Панама и борба за титула на Американците, но тие загубија со 1-0.

Голот го постигна Вотермен во 94. минута.

ПРОЧИТАЈТЕ ЗА НЕГОВАТА ЛУДА ПРОСЛАВА СО ТЈЕРИ АНРИ.

Мексико по само неколку секунди игра ѝ даде гол на Канада. Раул Хименез погоди за водство од 1-0.

Хименез беше стрелец и на вториот гол, тој го постигна на 15 минути до крајот на мечот, тоа беше прекрасен погодок од слободен удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани