Палермо никако да
ја намали негативата во однос на Емполи и да си ги зголеми шансите за опстанок.
Клубот од
Сицилија вечерва поведе на гостувањето кај Удинезе, но уште еднаш не успеа да ја
зачува предноста, и на крајот доживеа тежок пораз од 4-1.
Салаи ги донесе
гостите во водство во 12. минута, но пред крајот на првиот дел Теро изедначи на
1-1.
По еден час игра
Запата го донесе Удинезе во воствот од 2-1, а Де Паул во 68. минута зголеми на
3-1.
Дијаманти
поцрвена во 74. минута и ги остави гостите со играч помалку, а конечните 4-1
беа дело на Јанкто во 80. минута.
Илија Несторовски
беше стартер, и остана на теренот се до последниот гол на Удинезе кога беше
повлече од игра.
Вториот Македонец
во Палермо, Александар Трајковски средбата ја проследи од клупата за резерви.